Тоа што му носеше корка леб, му го зеде животот – еве што остана од таксито во кое загинаа Владимир и Кристина
Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која вчера околу 4 часот по полноќ се случи на булеварот „Партизански одреди“, спроти „Симпо“. Од здобиените повреди на самото место животот го загубија возачот и сопатничката, 35-годишниот Владимир А. и Кристина С. (37).
Според информациите до кои дојде „Република“, возачот на такси-возилото, 35-годишниот Владимир А., имал тежок животен пат. Тој рано отанал без родители, а како што велат колегите од такси-компанијата за која возел, веќе подолго време имал финансиски проблеми како и нерешено стамбено прашање. Дури ниту возилото со кое заработувал за егзистенција, не било лично негово, туку за да го вози плаќал дневен надомест на сопственикот.
Според полициски извори, двајцата имале испиено големо количество алкохол и по излегување во град, тргнале накај дома. Возилото „мерцедес“, според полицискиот увид, се движело со огромна брзина по празниот булевар.
Во еден момент А.В. загубил контрола над возилото, удрил во бетонската жардинера, а потоа во дрворедот крај булеварот. Од силината на ударот прв загинал возачот, а потоа и жената.
Ново на Сител
-
ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина
-
Трамп: Постојат 25 проценти веројатност состанокот во Енкориџ да не успее, Путин е подготвен на договор
-
ЦУК: Од вкупно 27 пожари на отворен простор, активни се шест
-
Студентите во блокада за вечерва најавија нови акции во повеќе српски градови
-
Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило
-
Петмина полицајци убиени, осуммина ранети во серија напади во Пакистан
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина