Тенис
11. March 2016 - 14:27

ТК Тенис парк Скопје организатор на три фјучрс турнири

Тенискиот клуб „Тенис парк Скопје“ што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански“ ќе биде организатор на три фјучрс турнири во машка конкуренција.

Турнирите ќе се одржат со почеток на 20.јуни, 27.јуни и 4.јули. Наградниот фонд на секој од турнирите е 10.000 долари.
Ова одлична можност македонските тенисери по подолго време на домашен терен да одиграат неколку мечеви и евентуално полсено да стигнат до освојување на поени.
Последниот фјучрс турнир во Македонија се одригра 2008 година и на него победи Синиша Марковиќ од БиХ.
Во 2007 година на двата турнира одржани во Македонија (фјучрс) победи македонскиот тенисер Предраг Русевски, кој сега е главен тренер во ТК „Тенис парк Скопје“.
Инаку, во Македонија последен пат во 2001 година беше организиран и челинџер турнирот „Македонија Опен“.