Титаниум диоксидот ќе биде забранет во ЕУ од идната година
– Титаниум диоксидот кој се користи како пигмент во прехранбената индустрија ќе биде забранет во Европската унија од 2022, најави Европската Комисија.
Оваа супстанца се користи во разни производи како мастики за џвакање, супи и печива како за да им се даде посветла боја на продуктите, но по анализа на здравствените власти на ЕУ заклучено е дека овој пигмент е штетен по здравјето на луѓето.
Еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, изјави дека не се преговара за здравјето на граѓаните на ЕУ.
-Денеска одлучно делуваме заедно со нашите земји членки врз основа на сериозна наука за да отстраниме ризик од хемикалија која се користи во храната, рече еврокомесарката.
Титаниум диоксидот или Е171 содржи ризик од генотоксичност според европските здравствени власти. Предлогот за забрана на оваа супстанца треба да биде усвоена до крајот на оваа година и да почне да се отстранува од ЕУ од почетокот на 2022 година.
Ново на Сител
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор