„Титаник 3“ по третпат почнува со слушање на „бомбите“ како материјални докази

Со изведување на материјални докази, поточно со слушање на разговори од „бомбите“, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот “Титаник 3” на СЈО, во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“.
Обвинителот Гаврил Бубевски побара согласност од обвинетите и одбраната да не се повторува изнесувањето на материјалните докази, кои веќе двапати се изнесуваа пред претходниот судечки совет. Побара сето тоа да се пренесе од минатиот записник со што, како што рече, не би се повторувал.
Обвинетите не се согласија со предлогот на обвинителот и продолжи изведувањето на материјалните докази. Во една од бомбите се слушна како двајца разговараат за изборите, при што едниот му вика на соговорникот да гласа за Струмица бидејќи ќе биде потребно и за Чаир.
Бубески презентираше извештаи на избирачки одбори од локалните избори во 2013 кои содржат сумирани резултати за изборот на градоначалник на Општина Чаир, кои пак, како што рече обвинителот, видливи се поправки на документите кои докажуваат како не треба да се водат записници.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци
-

Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
-

Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот
