ТИРЗ: Растот продолжува и во 2022
Компаниите активни во Технолошко индустриските развојни зони во јануари имаат извоз од речиси 250 милиони евра што е за 8% повеќе споредено со декември 2021, што покажува дека трендот на раст и позитивни економски активности продолжува и годинава. Редовната месечна анализа на ТИРЗ покажува дека извозот во јануари е на исто ниво со јануари 2021 година, а за 31% повеќе од јануари 2020 година, односно за 4% повеќе споредено првиот месец од 2019 година.
Кај увозот во јануари е регистриран пад од 15% во однос на декември, што според првичните анализи се должи на складирање залихи кај компаниите во изминатиот период. Увозот кај компаниите во зоните во јануари е 204 милиони евра, што е и за 17% помалку во однос на јануари минатата година, но за 33% повисок споредено со јануари 2020, односно 6,5% во однос на јануари 2019.
Анализата покажува дека во првиот месец од годинава е регистрирано и највисоко ниво на нето извозот од 21,5%. Раст од 1,5% има и кај бројот на вработени во јануари споредено со декември кој е над 14.000.
Инаку економските активности во ТИРЗ во 2021 година достигнаа највисок ниво досега од постоењето на Зоните, со 3 милијарди извоз за една година. Истовремено се постигнати договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2700 работни места. Со оглед дека поголемиот дел од овие проекти е планирано да започнат со производство годинава се очекува позитивниот тренд на економски активности во зоните да продолжи и годинава и да се надминат до сега постигнатите резултати.
Во напредна фаза на преговори, каде компаниите имаат доставено најмалку официјално писмо за намери, се дополнителни
Со оглед на ваквите бројки, ТИРЗ заедно со меѓународни економски институции работи на посебни мерки за унапредување и развој на домашните компании со цел да се вклучат во ланците на снабдување кај странските компании во ТИРЗ, но и да станат поконкурентни на странските пазари.
ТИРЗ инвестира и во унапредување на инфраструктурата индустриските зони. Во 2021 година се започнати капитални инвестиции во развој на инфраструктура во зоните од над 10 мил евра, меѓу кои изградба на дополнителни улици, атмосферска и фекална канализација, водоводни мрежи и улично осветлување.
Ново на Сител
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото
-
Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија
-
Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
-
Дејан Митровски - Урко реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија
-
АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија
-
Ердоган повторно повика на нов устав