Тиодоровиќ: Да ги укинеме сите мерки во Србија, да ги пуштиме луѓето да живеат
Членот на српскиот владин Кризен штаб за борба против епидемијата на коронавирус, Бранислав Тиодровиќ, изјави дека треба да бидат укинати сите рестриктивни мерки воведени заради појавата на вирусот и дека не очекува втор бран на Ковид-19.
-Треба веднаш се’ да пуштиме, да нема веќе ограничувања. Да ги дозволиме сите спортски настани, сите манифестации да се одвиваат нормално … Па, денеска и учениците треба да одат на училиште – оние кои ги поправаат оценките. Само со концертите мора да се почека до 15 јуни. Целиот свет тоа го прави, што сега ние би кочеле. Да ги оставиме луѓето да живеат. Но, граѓаните мора да носат заштитни маски во затворено и мора редовно да ги мијат рацете. Ако така прават, за 14 дена ќе бидеме земја без корона, јас гарантирам, изјави Тиодоровиќ.
Тој потсети дека ситуацијата во Војводина и во Белград е мирна, како и во централна Србија.
-Ковид болницата во Лесковац има околу 30 пациенти. Во Врање има повеќе – 86, бидејќи таму заболувањето започна подоцна, изјави Тиодоровиќ.
Епидемиологот наведе дека рацете мора постојано да се мијат, а не само после тоалетот и пред оброците.
Тој додаде дека навистина смета дека нема да има втор бран на есен, дури и ако се врати, тоа нема да биде ништо значајно затоа што вирусот се истрошил и ослабнал.
Тиодровиќ оцени дека верува дека српските граѓани вакцината ќе ја примат во сезоната 2021/22, наведувајќи дека никој во Србија двапати не бил позитивен на Ковид-19 и потсети дека 29,3 отсто од пациентите во Србија биле помлади од 60 години.
Ново на Сител
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари
-
Американската влада ја прогласи Антифа за „домашна терористичка организација“
-
Премиерот Мицкоски во посета на Штип
-
Франција лидер по број на освојувачи на „Златната топка“
-
Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН
-
Вонреден состанок на Воениот комитет на НАТО посветен на руското нарушување на воздушниот простор на Пактот
-
Трамп на арапските лидери ќе им го претстави предлогот за мир и управување со Газа по војната