-->
-->
Тинејџерка од САД извршила самоубиство поради стрес од самоизолацијата
-->
Тинејџерка од Калифорнија извршила самоубиство, како што се претпоставува, поради та што не можела да се избори со стресот во самоизолација.
Самоизолацијата е воведена за се спречи ширењето на коронавирусот, од кој само во САД починаа повеќе од 21.000 луѓе.
Џо Смит, стара 15 години, била пронајдена обесена во стан во Стоктон, а според медиумите, самоубиството го извршила поради насобран стрес во екот на епидемијата на Ковид-19 и наредбата сите да останат дома.
Американските медиуми ги предупредуваат родителите дека мора да обрнат повеќе внимание на децата за да не се случуваат вакви трагедии.
Мајката на девојчето, Даниела Хант, со која живеела Џо, рекла дека не нашла проштално писмо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден: Никој не е над законот, дури ни претседателот на САД
-
Северна Кореја тестираше нова тактичка балистичка ракета
-
Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд
-
Силно невреме ја зафати Словенија
-
МВР: Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот со отстранувањето на македонското знаме од Кораб
-
Албански планинари го отстранија македонското и го закачија албанското знаме на Кораб | ВИДЕО
-
Стано: Цел на дијалогот Белград-Приштина е нормализација на меѓусебните односи
-
МНР: Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации