Тинејџерка (15) напишала на ФБ „Мамо те сакам“ па и свирнала куршум во чело на мајката и ја запалила куќата

Тинејџерка ја застрелала својата мајка во глава во глава, а потоа ја запалила семејнаата куќа во обид да го прикрие злосторството, тврди полиција од Илиноис. Ана Ш. (15) чекала нејзината мајка Пеги (53) за да дојде од работа, а потоа со истрел од револвер ја убил. Другарката се обидела да и помогне во прикривањето на злосторството, а по се судејќи 15- годишната на Фејсбук потоа и напиша статус посветен на мајката.
-Не знам дали можеп сега да ме видиш, но ако можеш, сакам да ти кажам дека секогаш си ми била најдобар пријател. Има многу работи што сакав да ти ги кажам или направам со тебе. Не бев секогаш најдобра ќерка и поради тоа ми е жал. Мамо те сакам, сакам тоа да го знаеш и дека никогаш нема да те заборавам, напишала тинејџерката на Фејсбук.
Според зборовите на инспекторот, Ана на својата мајка и рекла да стави пешкир преку лицето, по што ја застрелала. Потоа и испратила порака на пријателката Рејчел на која и го признала злосторството. Таа не и поверувала, па девојчето и испратило слика од убиената мајка за да се увери.
Рејчел тогаш дошла кај Ана за да и помогне во прикривањето на злосторството. Ја исчистиле крвта, а телото го преместиле во соба и го покриле со чаршави. Дента потоа одлучиле да побегнат. Запалиле оган во куќата за да ги уништат сите докази. Ана отишла кај таткото, а Рејчел во својот дом.
Огнот го изгаснал пожарникар кој не бил на должност, но поминувал покрај куќата кога видел чад. Рејчел набрзо потоа се и раскажала на својата мајка. По Ана дошла полицијата и таа се признала.
Двете девојчиња ќе се појават на суд на почетокот на август. Засега не е познато што Ана ја натерало на овој чин.
Ново на Сител
-

Божиќно послание на г.г. Стефан: Се што доаѓа од Бога носи спасение и вечност
-

Преглед на вестите од светот
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

По 13-ти пат во Крушево се одржа уникатна манифестација „Дева“ со која се најавува Христовото раѓање
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Залутан куршум е причина за смртта на двегодишното дете на новогодишната ноќ
-

Бугарското МНР употреби фраза „достапен јазик“ наместо македонски, Скопје и Софија разменија остри пораки
