-->
-->
Тинејџер прегазен во Центар, со тешки повреди пренесен во Ургентен
-->
Шеснаесет годишно момче е тешко повредено откако синоќа околу 2 часот во него удрил автомобил „Матиз“.
Според информациите од полицијата несреќата се случила на улицата „11 Октомври“, кога автомобилот управуван од Д.Т. (30) удрил во момчето.
Поради тешките повреди истиот бил веднаш пренесен во Ургентниот центар каде е задржан на понатамошно лекување.
Неофицијално момчето се здобило со фрактура на черепот.
На местото на несреќата извршен е полициски увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот