Македонија
14. September 2019 - 11:21

Тинејџер од Куманово преку Фејсбук му се заканувал на полицаец

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Н.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Минатиот месец тој на социјалната мрежа „Facebook“, од неговиот профил упатил закани и навреди кон полициски службеник.