Тимоние: Јасно да се утврди одговорноста за настаните во Собранието

Од суштинско значење е јасно да биде утврдена одговорноста за неприфатливото насилство што беше направено во Парламентот и да се постапува во согласност со владеењето на правото, почитувањето на правото на одбрана, имунитет и презумцијата на невиност, без што ниту една демократија не може да функционира, вели амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние во изјава за МИА.
- Како сведок на настаните од 27 април, сметам дека е од суштинско значење јасно да биде утврдена одговорноста за неприфатливото насилство што беше направено во Парламентот, а кое можеше да предизвика човечки жртви меѓу народните избраници. Исто така, важно е да се постапува во согласност со владеењето на правото, почитувањето на правото на одбрана, имунитет и презумцијата на невиност, без што ниту една демократија не може да функционира. Ова е во духот на промените што ги најави новата Влада и ние сме убедени дека таа ќе знае да извлече поука од научените лекции од минатото и од однесувањето што ја кочеше Македонија на патот кон европската интеграција, вели амбасадорот Тимоние во врска со приведувањето на пратеници за настаните во Собранието од 27 април.
Францускиот амбасадор смета дека ќе треба соодветно да се разграничат и точно да се квалификуваат различните нивоа на индивидуална одговорност.
- Во одредени случаи таа е особено голема кај оние кои употребија физичко насилство или планирале да употребат, како и тие што не ја исполнија својата должност да го заштитат законодавниот дом. Би било парадоксално доколку тие што носат дел од одговорноста за овие настани, го искористат тековниот период за да се претстават себеси како жртви, а би требало попрво да си ја преиспитаат сопствената совест. Од друга страна, неопходно е да се сочува ладна глава и да се спроведе правдата без реваншизам и со чувство за пропорционалност, истакнува амбасадорот Тимоние.
Тој го поздравува дијалогот инициран од претседателот на државата Иванов меѓу власта и опозицијата и нагласува дека се очекува Парламентот да одигра клучна улога за евроинтеграциите на земјата.
- За поздравување е корисниот дијалог што беше инициран од страна на претседателот Иванов меѓу политичките лидери со цел да се постигне консензус за општиот интерес кој ќе биде дефиниран со расчистување на сметките од минатото, но со поглед свртен кон иднината. Сега се очекува Парламентот да биде клучен играч во донесувањето на мерки кои ќе ја обезбедат европската иднина на Македонија. А тоа може да се направи само во духот на меѓусебното почитување и помирување помеѓу политичките сили, истакнува во изјавата за МИА францускиот амбасадор Тимоние.
Ново на Сител
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
-

Мерц возврати откако Трамп ги нарече „смешни“ одбранбените буџети на НАТО
-

МВР: Кривична пријава против три лица од Скопје за „насилство врз дете“ за нападот врз 14-годишник
-

Со возило ја урнал портата од домот на родителите на сопругата, скршил прозорец, па ја нападнал
-

Пожарот кај Исар во Штип под контрола, зафатени фотоволтаици кај Чардаклија
