Тилевски: Со нови проекти на ВМРО-ДПМНЕ до победа уште во првиот круг

Нашата сила е народот. Уште од денеска започнуваме со работа која ќе триумфира на 15 октомври со голема победа уште во првиот круг. Охрид секогаш ќе биде лулка на ВМРО-ДПМНЕ и стожерот на Македонија. Тоа на денешната прва прес-конференција го истакна Митко Тилевски, кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“ за градоначалник на Охрид.
Тилевски изрази уверување дека граѓаните ќе ја препознаат вистинската сила во него и во советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, како вистински избор за светла иднина на градот Охрид.
Тој истовремено изрази надеж за мирни, достоинствени, фер и демократски локални избори.
Носителот на листата на кандидати за советници Кирил Пецаков од своја страна нагласи дека за нив најважна работа е дадениот збор.
- Во изминатите четири години неуморно се реализираа најголем број проекти за кои дадовме збор и максимално се вложивме за изградба на Охрид како современа општина...Охриѓани видоа нова, сосема отворена локална самоуправа, посветена кон целата јавност, вистински сервис во решавањето на проблемите на граѓаните, истакна тој.
Пецаков нагласи дека токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни оти новите проекти што ќе ги понудат со новата изборна програма ќе се реализираат во периодот од наредните четири години.
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
