Тилевски: Нов парк ќе го разубавува Охрид, во него ќе има и парк за миленици
Охриѓаните сакаат чист воздух, паркови и зеленила. Ние ќе продолжиме со задржување на чистата животна средина, истакна Митко Тилевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид.
-Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на охриѓани и туристите од сите возрасни групи. Со нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на нашиот град. Изградбата на новите пешачки патеки од мостот кај хотел Парк и до Билјанини извори несомнено наметнаа потреба на просторот од пресекот на улиците Кеј Македонија АСНОМ до ресторанот Котва да се изгради нов парк со содржини од кои гостите и охриѓани ќе поминуваат дел од своето време. Модерно хортикултурно уреден простор, опремен со клупи за одмор и релаксација, како и чешми во автентичен стил. Во рамките на овој парк ќе има парк за миленици, најави Тилевски.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид најави нов проект чија цел е разубавување на делот околу Охридското Езеро.
Ново на Сител
-
Модриќ потпиша за Милан
-
На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев
-
Возел 197 на место каде дозволено е 80, приведен 29 годишен битолчанец
-
Страшни поплави низ Њујорк, во Њу Џерси прогласена вонредна состојба
-
Работна посета на министерот Муцунски на Обединетото Кралство
-
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога
-
Потпишување на грант-договор со ЕБРД
-
Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули