Тилерсон тргнува на турнеја по Африка
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска почнува турнеја по африкански земји, а приоритетите во неговиот дневен ред ќе бидат борбата против тероризмот и унапредувањето на врските со африканските нации.
Тилерсон за време на турнејата, која ќе трае до 13 март, ќе се сретне со лидерите на Чад, Џибути, Етиопија, Кенија и Нигерија. Тој патува во Африка по неодамнешното масовно киднапирање на ученички во Нигерија.
Претставници на Стејт департментот изјавија дека изнаоѓањето начини да се спречат такви инциденти во иднина, промоцијата на борбата против тероризмот и безбедносната соработка се приоритети на шефот на американската дипломатија.
- Секретарот Тилерсон ќе се сретне со властите на секоја од земјите што ќе ги посети, како и со раководството на Африканската унија чие седиште е во Етиопија, со цел понатамошно унапредување на американското партнерство со владите и народите на Африка, соопшти Стејт департментот.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР