Тилерсон се сретна во Анкара со Ердоган и Јилдирим

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон и турските официјални претставници денеска разговараа за начините за координација во борбата против групацијата Исламска држава во Ирак и Сирија.
Разговорите во Анкара се одржаа еден ден откако Турција објави дека завршува операцијата „Еуфратски штит“ во Сирија, која почна во август.
Во соопштение од канцеларијата на турскиот премиер Бинали Јилдирим не се спомнати различните ставови на Турција и САД за улогата на курдските сили во кампањата против ИД, при што е посочено само дека двете сојузнички во НАТО се договориле да ја зајакнат соработката по регионалните прашања.
Тилерсон, кој се сретна и со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган по разговорите со Јилдирим, посочи дека го потенцирал значењето на Турција за американската безбедност и за економските врски во регионот.
Планирано е Тилерсон да се сретне и со министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Дваесетина пожари во земјава, пожарот на Китка се уште гори
-

Има сериозни индиции дека најголем број од пожарите се подметнати
-

Лани двајца со западно-нилска треска, годинава досега 50 потврдени и 5 починати
-

Кога “договорците” во здравството ќе добијат решенија за работа?
-

Почна втората фаза на изгрaдбата на автопатот Скопје – Блаце
-

Реакции за изградбата на дата центри во Македонија
-

Министерот Сали позитивно гледа на изјавата на еврокомесарката Кос за проширувањето
