-->
-->
Тилерсон му се закани на Ким: Продложи со ваквата политика и ќе те нападнеме
-->

– Сите ние треба да бидеме многу трезвени и реални во оваа ситуација, посочи Тилерсон, во однос на тоа дали САД треба да бидат загрижени поради можна војна.
Државниот секретар на САД, истакна дека Северна Кореја продолжува да остварува напредок во нејзиното атомско вооружување, преку нуклеарните тестирања и изработката на интерконтинентални балистички ракети.
– Мораме да препознаеме дали заканата е се поголема и доколку Северна Кореја не го одбере патот на соработка, дискусија и преговори, тогаш таа сама ќе ја покрене воената опција, посочи Тилерсон.
Неговата изјава следеше по состанокот на министрите за надворешни работи на 20 земји во Ванкувер, каде се рзаговараше за проблемот на Корејскиот Полуостров.
На состанокот, Тилерсон потенцираше дека Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп трага по дипломатско решение за нуклаарниот спор, додавајќи дека Северна Кореја допрва треба да се покаже како „кредибилен преговарачки партнер“.
На средбата во канадскиот град Ванкувер, како што јави МИА, беше договорено да се разгледаат понатамошни санкции против Пјонгјанг, построги од оние во резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.
При дискусиите за севернокорејските нуклеарни и ракетни програми, беше искажана поддршка на дијалогот меѓу двете Кореи и беше изразена надеж дека тоа ќе доведе до трајно намалување на тензиите.
Без да бидат наведени детали, во завршниот документ од средбата се наведува дека учесниците се согласиле „да размислат и да спроведат чекори за воведување еднострани санкции, но и да се преземат дипломатски активности кои одат подалеку од барањата во резолуциите на Советот за безбедност“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк