Тиквешијата одбележа 75 години од загинувањето на Диме Поп Атанасов
Тиквешијата денеска одбележа 75 години од смртта на првата жртва од бугарскиот фашистички окупатор за време на Втората светска војна во Македонија Диме Поп Атанасов-Горски.
На неговиот споменик што се наоѓа меѓу селата Долни и Горни Дисан, цвеќе положија бројни делегации на сојузите на борци од повеќе градови, меѓу кои и делегација на Главниот одбор на Сојузот на борци на Македонија, на чело со претседателката Вера Бундевска.
Претседателот на Сојузот на борци од Неготино Атанас Најдов рече дека Поп Атанасов бил роден 1917 година во Неготинско, а загинал на денешен ден пред 75 години, додека заедно со двајца свои другари биле на партиска задача во селата од Дисанијата. Имале успешни состаноци и разговори со селаните, кога биле наклеветени, по што Поп Атанасов бил смртно погоден и загинал на 24 годишна возраст.
- Така падна првата жртва во Македонија. Смртта на Диме болно се пренесе во непокорената Тиквешија и низ цела Македонија. Неговото подмолно убиство придонесе уште повеќе да се демаскираат бугарските фашистички окупатори и да се прикажат во вистинската светлина, нагласи меѓу другото Најдов.
Ново на Сител
-
Гаши: Парламентарното мнозинство е стабилно, но можно е да се зголеми
-
Меџити: Идната недела ќе се пополнат празните места во Владата
-
Мицкоски: Со Алиу се познаваме и мислам дека добро ќе соработуваме во рамки на Владата
-
Вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти, вели Мицкоски
-
Град Скопје: Наместо во истрага, институциите учествуваат во криминал
-
Топ-листа: 25 најдобри нудистички плажи во светот
-
Новата дрога „Јелоу зуши“ пристигна и во Албанија
-
Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите