Тиквеш изненади во Тетово

Фудбалерите на Тиквеш се најпријатното изненадување во денешната прволигашка рунда откако одиграа нерешено на гостувањето во Тетово . Гостите од Кавадарци одиграа 1-1 со актуелниот шампион Шкендија и со тоа најавија подобри прволигашки денови под водството на Влатко Костов.
Домашните обезбедија водство по убава акција во 44м која со гол ја заврши Рамадани. Овој резултат беше фаворит до крајот на средбата но стигна изненадување во 83. Минута кога Мирковиќ постигна израмнувачки погодок.
Тренерската смена носи добар резултат и за Македонија ЃП која гостуваше во Битола и го совлада Пелистер со 2-0.
Резултатот го отвори Емини уште во 3. Минута а до крајот на првиот дел веќе стигна потврда за победата на гостите со погодокот на Филиповски.
Значајни бодови освои Работнички на гостувањето во Велес. Победа од 1-0 за романтичарите со погодокот на Тодоровски кон средината на вториот дел.
ПРВА МФЛ – 12.КОЛО
БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 0:1
СКОПЈЕ – РЕНОВА 0:0
ПЕЛИСТЕР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0:2
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1:1
СТРУГА – А.ПАНДЕВ 0:0
ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 5:0
Ново на Сител
-

ЦЈЗ Прилеп: Не се точни шпекулациите дека е зголемен бројот инфицирани со ХИВ за 50-тина лица
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
