„Тиквеш“ го отвори првиот дигитален музеј во Македонија

По повод 130- годишната традиција во производство на вино, винарската визба „Тиквеш“ го отвори првиот дигитален музеј посветен на уметноста на создавање врвно вино во Македонија.
Дигиталниот музеј на „Тиквеш“ го сочинуваат фотографии и информации кои сведочат за големиот број значајни настани, луѓе, предмети и опрема за производство и консумација на вино, како и етикети, шишиња и примероци од вина кои се врежани во исклучително богатата историја на винарницата со најдолга традиција во Македонија и регионот.
Првиот дигитален музеј на виното во Македонија е поставен на интернет платформата Tumblr (Тамблр) која на посетителите им овозможува да објават и свои авторски фотографии од артефакти и настани кои на различен начин се поврзани со историјата на „Тиквеш“.
Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер на ВВ „Тиквеш“, вели дека идејата за овој прв виртуелен музеј во земјава настанала спонтано, како резултат на нераскинливата врска што ја има „Тиквеш“ со долгата традиција на производство на вино во Македонија.
- Големото значење на „Тиквеш“ за развојот на домашната винска индустрија беше доволен мотив и предизвик за нас да ја започнеме оваа колекција на фотографии и информации што сведочат за уметноста на создавањето врвно вино на овие простори. Верувам дека голем број вљубеници во уметноста на правење и уживање во врвното вино, ќе ја збогатат колекцијата со тоа што ќе достават и свои фотографии кои сведочат за историјата на „Тиквеш“ и неговите вина, затоа што тие се составен дел од нашите животни радости“, вели Младеновска Јеленковиќ.
Содржините кои се дел од „Тиквешмузеј на вино“ се достапни преку интернет адресата: www.tikvesmuzej.mk.
Ново на Сител
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
