Тихомир Орешковиќ кандидат за нов хрватски премиер
Лидерот на Татковнската коалиција и на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томислав Карамарко и првиот човек на партијата Мост, Божо Петров попладнево соопштија дека нивни заеднички кандидат за нов премиер на Хрватска е еден од поранешните директори во хрватската фармацевтска компанија „Плива“, Тихомир Орешковиќ, јави Хина.
Претходно, ваквата информација ја објави загребскиот портал Индекс.хр, кој нагласи неа официјално не сакале да ја потврдат ниту во Мост, ниту во ХДЗ, но дека извори во двете партии изјавиле оти „најсериозно се споменува името на Орешковиќ како предлог за мандатар“.
По нивната денешна средба, на која било договорено Орешковиќ да биде заеднички кандидат за мандатар, Карамарко и Петров изјавија дека на разговите не станало збор за распределба на министерските позиции, додавајќи дека очекуваат новата влада да биде формирана за еден месец.
Петов нагласи дека е задовлоен затоа што за кандидат за премиер е избрана непартиска и стручна личност.
Тој информира дека ХДЗ контактирала со Орешковиќ уште пред неколку месеци, при што му било понудено „да учествува во идната влада“.
Се очекува подоцна во текот на денот Карамарко и Петров и офиицијално да ја информираат хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ за нивниот предлог за мандатар.
Грабар-Китаровиќ синоќа соопшти дека ако до вечерва не бидеизбран мандатарот за состав на новата хрватска Влада, таа ќе распише предвремени парламентарни избори.
Карамарко и Петров уште синоќа соопштија дека обезбедиле парламентарно монзинство од 78 пратеници во Саборот, со што можат заеднички да ја формираат новата влада на Хрватска и најавија дека денеска најдоцна до 18 часот ќе го соопштат и името на нивниот предлог за мандатар.
Орешковиќ е роден во Загреб во 1966 година. Тој во 1989 дипломирал на канадскиот универзитет „Мекмастер“, каде и стекнал звање магистар по финансии и информациски системи во 1991 година.
Во 1992 година се вработил во канадската фармацевтска компанија „Ели Лили“, каде извршувал разни должности поврзани со финансиите и меѓународната соработка, на крајот доаѓајќи до местото директор за односи со државната администрација и за економски работи.
Од „Ели Лили“ преминува во канадската фирма „Новофарм“ на местото потпретседател за развој, а потоа станува и главен финансиски директор на компанијата.
Во 2009 година станува финансиски директор на „Плива“ за Источна Европа, а веќе следната година е именуван за главен финасиски директор на оваа хрватска компанија за регионот Источна Европа, Медитеран, Израел и Африка.
Во 2014 година Орешковиќ преминува во управата на компанијата „Тева Европа“, која е сопственик на „Плива“.
Ново на Сител
-
Трета Меѓународна конференција за фриленсери
-
Вакцинални тимови од наредната недела ќе одат во домови за стари лица за имунизација против грип
-
Медицинските сестри се соочуваат со низа проблеми
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид
-
Завршен митинг на СДСМ во Куманово
-
Завршен митинг на ЗНАМ во Куманово