-->
-->
Тиери Бретон нов кандидат на Франција за европски комесар
-->

Франција го предложи Тиери Бретон за свој кандидат за европски комесар за индустрија, соопшти денеска Канцеларијата на претседателот Емануел Макрон.
Првиот избор на Париз за функцијата еврокомесар беше Силвија Гулар, која, на незадоволство од Франција, не доби поддршка од Европскиот парламент.
Бретон е директор во технолошката групација „Атос“ од 2009 година и поранешен министер за финансии во владата на поранешниот француски претседател Жак Ширак.
– Тој е човек од акција кој ги знае индустриските проблеми одвнатре и кој, познавајќи ги институциите во Брисел, нема да има бирократски пристап кон европските теми, што е важно за претседателот, изјави официјален претставник на Елисејската палата.
Секоја членка на ЕУ именува по еден кандидат за ЕК, а нивниот избор мора да биде потврден од Европскиот парламент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
