Тибет: Над 50 загинати и десетици повредени во силен земјотрес на Хималаите
Најмалку 53 лица загинаа по силниот земјотрес од 6,8 степени по Рихтеровата скала во кинеската автономна област Тибет. Потреси се почувствувани и во Непал и во Индија.
Според кинеските медиуми, најголемиот број жртви се пријавени во градот Шигатсе, во Тибет, а потреси биле почувствувани и во соседните Непал и Индија.
Државната новинска агенција „Синхуа“ јави дека најтешко погодени се селата Чангсуо, Куло и Цуого во округот Дингри.
Земјотресот бил регистриран во 9:05 часот по локално време (01:05 UTC), на длабочина на епицентарот од 10 километри, според кинеските власти.
Американската Геолошка служба го оцени земјотресот со магнитуда од 7,1. Повеќе вторични потреси се забележани, од кои најсилниот со јачина од 4,4 степени.
Околу 1,500 вработени во итните служби се на терен за да ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.
Во градовите Шигатсе и Латсе се забележани оштетени згради, урнати фасади и растурени урнатини на патиштата.
Земјотресот бил почувствуван и во Непал, во главниот град Катманду, а тресењето предизвикало паника меѓу жителите. Во Индија, потреси се почувствувани во државата Бихар, но без пријавена штета.
Ново на Сител
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти