Балкан
30. јуни 2019 - 13:56

Тежок инцидент на изборите во Албанија, во Драч се гласаше со калашников

На избирачко место во Драч, влегол маж со калашников во обид да го спречи гласањето, објави Albeu.com.

Напаѓачот е приведен во полиција и е идентификуван како Рамиз Баканачи, и се обидел да го попречи гласањето на едно од избирачките места во Драч.

Тој со калашникотв влегол во избирачкото место, упатил закани до членовите на комисијата, искршил гласачки кутии, по што е уапсен по интервенција на полицијата.

Во Албанија денеска се одржуваат локални избори, кои се бојкотирани од страна на опозицијата, па така на гласачките ливчиња во повеќе општини има само еден кандидат и тоа од владејачката партија на Еди Рама.