Живот
9. July 2016 - 14:58

Тежела 25 килограми и ја победила анорексијата, ова е нејзината приказна

Клер Мерсер, студентка од Австралија, водела смртоносна битка со анорексијата.

На свои 19 години тежела неверојатни 25 килограми и едвај ја избегнала смртта.

Таа студирала за да биде медицинска сестра, но била опседната со изгледот и сакала да биде слаба.

Почнала да јаде се помалку, додека не станала анорексична.

Стигнала до тој степен што здравјето целосно и се уништило, постојано се онесвестувала и еден кобен ден срцето и престанало, па докторите морале да ја реанимираат.

Но после оваа случка таа се освестила и полека започнала битка со анорексијата.

Денес таа има свој блог и сака да им помогне на останатите кои се борат со болеста.

Погледнете како изгледала претходно, а како изгледа сега.

1anoreksija

2anoreksija

3anoreksija

4anoreksija