Тезата за атентат врз рускиот авион во Египет се потврдува
Тезата за атентат и бомба во рускиот авион кој се сруши во Синај – Египет се потврдува и од анализата на црните кутии на Ербасот А321 на руската команија Метроџет.
Како што француските медиуми го цитираат изворот на Франс прес, „бруталниот и ненадеен карактер“ на настанот го предизвика падот на авионот.
- Се е нормално, апсолутно нормално во текот на летот и брутално нема ништо повеќе, изјави изворот, пренсува дописникот на МИА од Париз.
Ова доаѓа од анализата на двете црни кутии на снимката на параметрите на летот и таа на разговорите во кокпитот на авионот. Првата кутија со параметрите на летот дозволила да се извлече овој заклучок.
Истиот извор исто така подвлече дека фотографиите од остатоците од авионот, покажуваат како да се изрешетани од удари кои одат од внатрешниот кон надворешниот дел на авионот, што ја акредитира тезата за пиротехничко средство.
Еден од вклучените во истрагата, кој имаше пристап до црните кутии, под покритие на анонимност за француската телевизија Франс 2, објасни дека експлозијата не беше последица на дефект на моторот. Со што, според него се отфрла пистата за дефект.
Ново на Сител
-
Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат