Тевдовски: Скриените неплатени обврски на државата 363 милиони евра
Вкупно 360 милиони евра се неплатените обврски на државните институции заклучно со 31 мај 2017 година, соопшти денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
Тој посочи дека најголеми се обврските кај буџетските институции и јавните претпријатија основани од РМ.
Кај буџетските корисници најголемиот износ на неплатени обврски е во финансирање дејности од областа на културата во износ од 2,4 милијарди денари, главно направени за изградба на салата на Филхармонијата, Драмскиот театар, објектот Мајка Тереза и Театарот Велес.
Неплатените обврски на јавните здравствени установи изнесуваат 3,2 милијарди денари, а најголеми се во Институтот за трансфузиона медицина, Општа болница 8 Септември Скопје и Клиниката за хируршки болести Свети Наум Охридски Скопје.
Шест милијарди денари се неплатените обврски на јавните претпријатија основани од РМ при што најголеми се во МЖ Транспорт, АД Мепсо и Македонија пат.
Општините имаат неплатени обврски од 4,6 милијарди денари при што најголеми неплатени обврски имаат Охрид, Тетово и Карпош.
Министерот за финансии посочи дека во оваа сума недостига општина Гостивар, бидејќи не доставила информации до Министерството.
Локалните претпријатија основани од општините имаат неплатени обврски од 2,5 милијарди денари, а највисоки обврски имаат во Куманово, Охрид и во градот Скопје.
Министерот Тевдовски на прес-конференција посочи дека во моментов Министерството за финансии договара со Светска банка проект за справување со овие обврски и развивање механизми за нивно спречување во иднина.
Ново на Сител
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН
-
9-тото електрично возило за чистење на БРАКО излезе на пазарот
-
Пратенички прашања: Од резолуцијата во ОН, преку Коцевски, до кој какво млеко пие
-
Уште 8 амбасадори се пакуваат за дома
-
Заменик градоначалникот на Скопје си поднесе оставка - Арсовска тврди дека таа го разрешила
-
Македонија сака да увезува отпад од ЕУ - Пратениците расправаат за последиците од аерозагадувањето