Тевдовски: Немаме значителни разлики со НБРМ за забрзувањето на растот во 2019 и 2020
Народната банка на Република Македонија е кредибилна и независна институција чии проекции не би сакал да ги коментирам, но важно е што немаме значителни разлики во позитивните проекции за забрзување на растот во 2019 и 2020 година, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски одговарајќи на новинарски прашања во однос на надолната ревизија на проекцијата за растот за годинава на 2,3 проценти што ја објави вчера Народната банка на РМ.
-За годинава со ребалансот на Буџетот Министерството за финансии ја намали проекцијата за економскиот раст на 2,8 проценти, но и други институции се блиски до нас како што е Светска банка која има проекција од 2,5 проценти раст. Ако ја гледаме во детали проекцијата на НБРМ тие сметаат дека негативниот прилив на инвестициите ќе продолжи оваа година, а во 2019 и 2020 година ќе биде позитивен и значаен, рече Тевдовски на прес-конференцијата во Владата на која беше најавен нов анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид.
Според Тевдовски, очекуваната реализација на тој капитален проект е во насока на забрзување на инвестиците годинава, но клучно е што двигател на растот годинава е приватниот сектор. – За мене е клучно што и овие проекции од 2,3 проценти и од 2,8 проценти зборуваат дека во Македонија може да се оствари економски раст којшто е движен од приватниот сектор, бидејќи во изминатата декада апсолутно растот беше движен од неефикасни проекти од државна интервенција, како споменици, жални врби и фасади.Сега покажуваме дека може да биде поинаку и оти има амбиент во којшто приватниот сектор може да обезбедува раст со активирање вакви проекти кои ќе значат поддршка на економијата, рече Тевдовски.
Ново на Сител
-
Судењето за случајот „Штекли“ одложено за 9 октомври
-
77-годишна жена од Скопје измамена за 180.000 денари од лажно полициско лице
-
Девет лица загинаа во Одеса откако обилните дождови предизвикаа поплави
-
23-годишен Тетовец со „бмв“ на германски таблички возел 221 на место каде дозволено е 100
-
Кај двајца турски државјани, најдена дрога
-
Минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 515 евра до 2026 година, најави албанската министерка за економија
-
Герасимовски: Градиме дом за стари лица, историска инвестиција за пензионерите
-
Анкета: Две третини од Унгарците не сакаат прекин на енергетската трговија со Русија