Тевдовски на Годишните средби на ЕБОР во Јордан
„Влевање енергија во економијата“ е тема на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) што се одржуваат во Јордан, а на кои од денеска учествува и македонскиот министер за финансии Драган Тевдовски.
Како што соопшти Министерството за финансии, поздравно обраќање на Годинешното собрание ќе има кралот на Јордан – Абдула II Ибн Ал Хусеин.
Министерот, како гувернер на Македонија во ЕБОР, ќе земе учество на Тркалезната маса на Бордот на гувернери, а ќе се обрати и на панелот „Зелена инфраструктура“.
За време на Годишните средби, Тевдовски ќе оствари и повеќе билатерални состаноци. Предвидено е да се сретне со потпреседателот на ЕБОР Пјер Хеилброн, директорот на Конституенцата во која е Македонија Франс Викерс, директорката на ЕБОР за транспорт Сју Барет, директорот за енергетика Хари Бојд Карпентер и директорот за општинска инфраструктура и животна околина Сју Горансон. На средбите е планирано да се дискутираат тековни, но и идни проекти од областа на транспортот и енергетската инфраструктура.
Во моментот ЕБОР во Македонија финансира проекти во износ од 707 милиони евра, од кои најголем дел во транспортниот сектор, во износ од 622 милиони евра. Од 1993 година до денес ЕБОР има одобрено 111 проекти во вкупен износ од 1,65 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025