Тетовските пензионери одржаа протест на плоштадот, не отстапуваат од барањата за повисоки пензии

Дел од тетовските пензионери вечерва повторно одржаа протест на градскиот плоштад за да јавно ги изразат барањата за повисоки пензии. Овој протест следува по трите собири и блокирања на тетовските улици кои тетовските пензионери ги имаа во текот на октомври.
– Протестите немаат никаква политичка или партиска позадина, но секој пат баравме поддршка од сите политички партии. За жал, партијата на власт, ниту еднаш не нè удостои да застане тука со нас, туку напротив се служеа со навредливи изговори, не потценуваа, ширеа лаги. Но ние остануваме достојни и истрајни со нашите ставови. Нашиот глас за достоинствен живот стигна и до меѓународните институции, порача Ленче Симовска.
– Нема отстапувања од нашите барање сè додека не се исполнат истите. Бараме да има 5000 денари линеарно зголемување на сите пензии и минимална пензија од 20 000 денари, истакна Летка Мишовска.
Тетовските пензионери најавија дека ќе одат на генералниот протест во Скопје на 7 ноември. Вечерва се евидентираа заинтересираните пензионери кои можат да присуствуваат на протестот.
Ново на Сител
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
