Македонија
9. January 2016 - 16:38

Тетово загадено и без „Југохром“

 Иако фабриката Југохром од Јегуновце од почетокот на годината не работи, во Тетово и понатаму се бележи надминување на дозволениот праг на штетни материи во воздухот. Неколку дена по нова година достигна дури 800 микрограми отровни пи-ем 10 честички на метар кубен, а дозволената граница е 50. 
 
Од министерството за животна средина велат дека во тек е испитување на воздухот во Скопје и Тетово со помош на експерти од Австрија и Финска, кои точно треба да покажат од каде има најмногу загадување. 
 
Во двомесечната пауза во работењето Југохром треба да постави филтри за отпрашување.