Тетово во црно: 12 годишно девојче пронајдено мртво во тоалет
Починато дванаесетгодишно девојче вчера било пронајдено во семејната куќа во тетовското село Вратница. Таткото на починатата, откако пристигнал во семејната куќа, насилно ја отворил вратата од купатилото бидејќи немало одговор и ја забележал сега починатата легната на подот без знаци на живот.
Случајот во Полициската станица-Тетово во 22:40 часот го пријавиле од Клиничка болница-Тетово. Како што информираат од МВР, смртта е констатирана од доктор по судска медицина, а од извршениот надворешен преглед над телото на починатата констатирана е една повреда во вид на оток во задниот дел од главата. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово. По наредба на јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија
-
Граѓаните спас од загадениот воздух бараат и кај народниот правобранител
-
Брзото возење главна причина за сообраќајните несреќи во Југоистокот
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата