Тетово: Пациент вакциниран со две дози „Синофарм“ почина од Ковид-19
Во Клиничката болница во Тетово вчера починал 62-годишен пациент кој бил заразен со Ковид-19 иако претходно примил две дози од вакцината на „Синофарм“. Починатиот освен што бил позитивен на Ковид-19 имал и други заболувања.
Раководителот на Ковид – центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини изјави дека втората доза од вакцината на „Синофарм“ пациентот ја примил на 6 јуни, но имал и коморбидитети меѓу кои хронична бубрежна болест, кардиомиопатија и хипертензија.
-Пациентот починал вчера. Не сакаме со овој случај да ги уплашиме другите лица кои имаат коморбидитети и ова да им послужи како изговор да не се вакцинираат. Овој случај е малку тешко да се објасни. Познато е дека вакцинираниот може да се инфицира и да биде позитивен и на брис и на клиничка слика. Во овој случај имавме пациент кој имал хронични бубрежни проблеми, хипертензија а воедно бил и позитивен на тест и сето тоа го правело како тежок пациент. Сепак ова не треба да се земе како правило дека секогаш ќе се случува и не треба да биде демотивираки момент за другите пациенти кои имаат по две или три хронични болести. Ние очекуваме и во наредниот период да имаме ковид позитивни пациенти кои во меѓувреме се вакцинирале. Освен овој случај, имаме уште една пациентка на 37-годишна возраст која исто така била вакцинирана. Таа иако има и ендокринолошка болет, поради тоа што е позитивна на Ковид-19 пратена е кај нас. Денеска во Клиничката болница на лекување има седум пациенти, освен оваа пацинтка која примила две дози, другите шестмина не биле вакцинирани, изјави д-р Нуредини.
Според д-р Нуредини, сега е потребно стручните лица да се огласат и да го кажат своето стручно мислење за ваквите случаеви за тие да не се искористат како агумент против вакцинирањето на лицата кои имаат хронични болести. Засега од Ковид – центарот во Тетово немаат информација со кој сој на Ковид-19 бил заразен починатиот пациент.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек