Македонија
17. March 2018 - 14:56

Тетовец приведен поради поседување марихуана

Околу 200 грама марихуана се пронајдени денеска при претрес во куќа во Тетово.

Како што соопшти МВР, во периодот од 06.30 до 08.30 часот полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на А.Р. (61) на улицата „Браќа Миладинови“. Откако ја нашле дрогата, го привеле А.Р. во полициската станица за натамошна постапка и целосно расчистување на случајот.