Тетовец осомничен за вчерашното опожарување на возилото „Пасат“ со струшки таблици
В.С. (29) од Тетово е осомничен за вчерашното опожарување на патничкото возило „Пасат“ со струшки регистарски таблици, сопственост на 34-годишна тетовка К.С..
Како што соопшти СВР, немилиот настан се случил околу 3:30 часот на паркингот пред станбената зграда во која живеела К.С., на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово.
Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, осомничениот под возилото поставил запалено мало плинско шише - боца по што се оддалечил од местото. Огнот од запаленато плинско шише ги зафатил задната десна страна од возилото и дел од седиштата, а зачадена е и целата внатрешност. Пожарот набрзо бил локализиран со интервенција на тетовските пожарникари.
- В.С. е осомничен за предизвикување пожар и предизвикување општа опасност. Уште вчера околу 13 часот во координација со јавен обвинител е лишен од слобода, задржан во Полициската станица Тетово, а подоцна пуштен. Наскоро ќе се соочи со соодветен поднесок, информира Јосифовски.
Минатата година во Тетовско се регистрирани девет опожарени возила. Едно е целосно расчистено и заокружено со поднесена кривична пријава, за седум се изготвени известувања против непознати сторители, а на едно се уште се работи.
Ново на Сител
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае
-
Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка
-
Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“
-
Ѓоковиќ: Алкараз и Синер се предобри
-
Сигурни победи за Италија и Франција на стартот од квалификациите за СП 2026