Тетовец организирал борба меѓу кучиња, снимал и објавил па го напуштил повреденото куче
Тетовец организирал борба меѓу кучиња, снимал и објавил па повреденото куче го оставил во напуштена куќа.
- Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчера (21 февруари) околу 12 часот и 40 минути во тетовско Лавце го лишиле од слобода 19-годишниот Х.Х. од ова село поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“, соопшти МВР.
Како што соопштуваат од МВР, тој минатата недела организирал борба помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Лицето е задржано во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.
Ново на Сител
-
Стармер изрази загриженост поради „одвратната омраза“ кон Евреите и муслиманите од 7 октомври 2023
-
Попко: Украинската ПВО одби нов напад на руските дронови врз Киев
-
Димитриеска-Кочоска: Ги консолидиравме и стабилизиравме јавните финансии, потврда добивме и од „Фич“
-
ЦУК: По обилните врнежи, водата во Гостивар не е безбедна за пиење
-
Во БиХ денеска се одржуваат локални избори, освен во пет општини на ФБиХ поради поплавите
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје
-
Литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Дачиќ: Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ