Македонија
23. March 2018 - 13:52

Тетовци и гостиварци често користат мобилни телефони додека возат

Користењето на мобилни телефони при возење во Тетово и Гостивар станало навика за голем број возачи, особено кај помладите.

Секторот за внатрешни работи во Тетово денеска информира дека сво текот на овој месец откриени и казнети се над 70 возачи по овој основ.

Само на 21 март биле откриени 25 возачи на кои им се изготвени 18 мандатни платни налози и седум писмени предупредувања, како и 16 покани за присуство на сообраќајна поука.

- Користењето мобилни телефони за време на возење е спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и неговото откривање и санкционирање претставува еден од главните сообраќајни приоритети деновиве на тетовско-гостиварското подрачје, информираат од Секторот за внатрешни работи во Тетово. 

Ново на Сител