Тетовчанец осомничен за 12 тешки кражби

Дваесет и две годишен тетовец е осомничен од Секторот за внатрешни работи Тетово како сторител на 12 тешки кражби што во март, април и мај годинава ги извршил во куќи, други објекти и возила во Тетово и во тетовските села Палатица, Озормиште, Горно Седларце и Требош, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Против Е.А. ќе следува соодветен поднесок најави Јосифовски. Според неговите податоци осомничениот насилно провалувал во објектите и најчесто одземал пари како и технички производи и алатки што потоа им ги продавал на заинтересирани поединци.
-Дел од одземените предмети се веќе пронајдени и им се вратени на сопствениците а дел се бараат и дополнително ќе им се вратат. Осомничениот претежно оперирал сам, а постојат потврдени сознанија дека е извршител и на други тешки кражби на полошкото подрачје. Тој од подамна им е познат на службите на СВР Тетово и повеќе пати досега бил кривично пријавуван, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
