Тетовчанец не може да влезе со возило во сопствениот двор, откако бил реконструиран тротоарот
Откако е реконструиран тротоарот на улица „Штипска“ во Тетово едно семејство не може да влезе во својот двор со возило, бидејќи бетонските плочки се поставени 30-тина сантиметри повисоко. Со ваков проблем се соочува семејството на Љубиша Трпески, кој иако им реагирал на изведувачите и во општината не добил решение на проблемот.
-Со автомобил веќе не може да се влезе во мојот двор, откако се реконструираше тротоарот и коловозот пред мојата куќа. И за пеш треба да се потскокне. Нивото на тротоарот е многу подигнато за разлика од нивото од оваа инфраструктура кај моите соседи, па сега нормалниот пристап е оневозможен, а со автомобил воопшто не се влегува. Уште кога го правеа тротоарот им велев на изведувачите да го спуштат малку нивото на тротоарот, но ми рекоа сме прашале ние и знаеме како треба, ама изгледа не знаат, па видете на што личи ова. Требале нас да не прашаат како што ги прашале соседите каде што по нивно барање тротоарот кај нив е спуштен а кај мене не сакаа, вели Љубиша Трпески жител на улицата Штипска.
Според него, сам не може ништо да преземе, мора изведувачот да ја поправи грешката.
-Некој ќе рече постави бетон од самата страна на тротоарот се до двојот двор со блага косина. Да така ќе можам да влезам и со автомобил и пешки и ќе биде практично, но ако направам така сета вода ќе ми влегува во дворот и потоа во куќата, а подрумите после секои врнежи ќе ми бидат поплавени, објаснува Трпески.
Тетовчанецот поднел жалба до општинскиот инспекторат.
Ново на Сител
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес