-->
-->
Тешко повредено дете додека возело велосипед
-->

Единаесет годишно дете кое управало велосипед, е тешко повредено откако во него удрило возило, соопшти МВР.
Несреќата се случила синоќа во 21 часот на улицата „Петре Георгиев“, а со возилото „рено канго“ со скопски регистерски таблички управувал О.Р. (31) од Скопје.
По незгодата детето со итна медицинска помош е пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, но поради сериозноста на повредите е препратено во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Екипа од Секторот за внатрешни работи - Скопје изврши увид. Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
