Тешко повреден велосипедист, итно пренесен во Клинички центар во Скопје
Тешко повреден велосипедист, итно пренесен на Клиника. Вчера во 15,25 часот на магистралниот пат Штип-Делчево во близина на „Кучичинска крстосница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Форд Фиеста“со делчевски регистерски таблици управувано од А.Н. (33) од Делчево и велосипедист М. Ј. (65) од с.Чешиново. Во незгодата со тешки телесни повреди (скршеници на черепот, скршеници на две ребра и скршеница на лева потколеница) се здобил велосипедистот и истиот бил пренесен во Медицинскиот Центар-Штип, но поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Ургентниот Центар-Скопје на Клиниката за неврохирургија и се наоѓа во животна опасност. За време на вршење на увидот сообраќајот за патничките моторни возила бил пренасочуван додека за товарните моторни возила сообраќајот бил во целосен прекин.
Ново на Сител
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија
-
Кривична пријава за шест затворски полицајци од Идризово - помогнале во бегство на група осуденици
-
Еден осуденик државата ја чини 10 илјади евра годишно