Македонија
11. February 2021 - 12:08

Тешко повреден пешак во Скопје откако бил удрен со автомобил

На 10.02.2021 во 08.10 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Шарски одред“ во Скопје, патничко возило „фиат типо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(65) од Скопје, удрило во пешакот Б.Т.(35) од Скопје. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.  Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.