-->
-->
Тешко повреден моторџија во Куманово
-->
Возач на мотор е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 14:45 часот во Куманово, соопшти полицијата.
Сообраќајната несреќа се случила на крстосницата на улиците „Никола Тесла“ и „Доне Божинов“ во близина на кумановската населба Средорек.
Триесет и едногодишниот мотоциклист Д.Д. движејќи се мотор со кумановски регистарски ознаки од населбата „Карпош“ кон центарот на Куманово изгубил контрола и паднал на коловозот.
Тој бил префрлен на Одделението за хирургија во кумановската болница каде му се констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите префрлен е на скопските клиники.
Увидот што го изврши полицијата ќе ги покаже причините за оваа сообраќајна несреќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Комисиска расправа во Собрание
-
Тема на денот со Константин Димитров, професор и експерт по енергетика
-
Реорганизација на министерствата ќе се носи по скратена постапка
-
Гаши се пишмани: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Критично со хируршките сали
-
Трошоците за живот и натаму растат
-
Загрижувачки пад на наталитетот
-
Странските универзитети поинтересни за идните студенти