Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Свети Николе
Деветнаесетгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајната несреќа со товарно моторно возило што се случила вчера во Свети Николе.
Како што се наведува во полицискиот билтен, сообраќајката се случила вчера околу 16:30 часот на крстосницата на ул.,,11-та Македонска бригада“ и ул.,,29-ти Ноември“ во Свети Николе помеѓу товарно моторно возило ,,Мерцедес“ управувано од Д.Б.(35) од Свети Николе и мотоцикл ,,Кавасаки“ без регистарска табличка управуван од К.Л.(19) од Свети Николе.
Во незгодата тешки телесни повреди добил Д.Б. кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош, а потоа во Клиничкиот центар Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.
Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.
Ново на Сител
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот