Македонија
27. August 2019 - 11:00

Тешко повреден мотоциклист во Скопје

На 26.08.2019 во 19 часот на улица „Коста Новаковиќ“ во Скoпје, И.Х.(35) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.