Македонија
3. August 2024 - 11:18

Тешко повреден мотоциклист по пад на коловоз кај Тиквешко Езеро

Мотоциклист од кавадаречко Возарци се здобил со тешки телесни повреди по пад на коловоз, кај Тиквешко Езеро,  соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Синоќа во 22.30 часот во Полициската станица - Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат, брана ХЕЦ Тиквеш - село Возарци, 31-годишниот Д.М.,  управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во кавадаречката Општа болница, појаснија од СВР - Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Кавадарци.