Македонија
2. July 2019 - 16:16

Тешко ќе оди „итноста“ по прашањето за СЈО

Работна средба меѓу министерката за правда Рената Дескоска од името на власта и адвокатот Тони Менкиновски од името на опозицијата за статусот на Специјалнотот јавно обивнителство ќе има дури откако ВМРО-ДПМНЕ ќе го достави својот предлог закон за обвинителство, велат од министерството за правда. Тоа би значело дека Дескоска и Менкиноски најрано би можеле да се видат за дури три недели.

Од друга страна, меѓународната заедница веќе апелираше власта и опозцисијата да дадат итност на прашањето и дека договор за СЈО и за законот за обивнителство да има до крајот на јули. Септември или октомври, би можело да биде предоцна, предупредија дипломатите.

„Меѓународната заедница го поддржа предлог-законот за Јавното обвинителство кој го подготви Министерството за правда. Во очекување сме на предлог-законот кој ќе го подготви ВМРО-ДПМНЕ, по кој ќе се произнесеме и ќе закажеме средба“, велат од министерството.

Последен пат работните тимови имале средба пред два месеца, на 10 мај и тоа за предлогот што го изготви министерката. Од тогаш меѓу нив има само посредна неформална комуникација.

Во јавноста веќе излегоа дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски извори, во предлог законот нема да има конкретно решение за актуелното специјално обвинителство. Опозициската партија би се сложила законски да се предвиди посебен тим обвинители во рамките на организиран криминал и корупција и кој би имал поголем број на истражители.

Во новото законско решение, според партиски извори, се бара и независен буџет за целото Јавно обвинителство кој би се движел од еден до еден ипол отсто од државниот буџет, односно од 34 до 51 милион евра годишно кои потоа самостојно треба да ги распределува. Сега, Јавното обвинителство добива околу 8,2 милиони евра.

Од министерството за правда велат дека ќе ги прифатат сите конструктивни решенија кои не значат скриена амнестија. Самостојниот буџет на обвинителот веќе бил дел и од нивниот закон.

Предлог законот за Јавното обвинителство на Министерството за правда предвидува независен јавнообвинтелски буџет: Висината на средствата за работа на јавното обвинителство се утврдува врз основа на предлог на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој го доставува до Министерството за финансии.