-->
-->
Тешки три бода за Милан на гостувањето кај Верона
-->

Милан освои три бода по тешката победа со 1:0 синоќа на гостувањето кај Верона во претпоследнито дуел од третото коло во италијанската Серија А.
Голот вреден победа за „миланезите“ го постигна полскито интернационалец Криштоф Пјонтек од пенал во 68. минута.
Верона играше со фудбалер помалку од 21. минута кога беше отстранет Мариуш Стемпински. На самиот крај на средбата, црвен картон доби и гостинскиот играч Давид Калабрија.
Милан со шест бода се наоѓа на 7.место, додека Верона досега собра четири бода и е 11-та.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
