-->
-->
Тешка задача на македонските кошаркарски надежи на ЕП во Романија
-->

Младата кошаркарска репрезентација на Македонија ќе има тешка задача да обезбеди пласман во четвртфиналето на Б дивизијата на ЕП за играчи до 20 години што се одржува во Ородеа, Романија.
По поразот од Грузија со 30 поени разлика (48-78) македонските младинци ќе мораат да ја совладаат домашната репрезентација на Романија со дури 22 поени разлика. Само на тој начин без да зависат од резултатите на останатите средби ќе може да се надеваат на освојување на второто место во Ц групата, кое носи пласман во четвртфиналната рунда.
Потсетување дека против Романците, нашите младинци одиграат два натпревари во подготвителниот период и тоа во Скопје. Првиот го добија со 11 поени разлика (76-65), а во вториот беа поразени со 9 разлика (66-85).
Денешниот меч меѓу Македонија ио Романија ќе се игра во терминот од 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
