Тешка сообраќајна несреќа: Осум лица повредени во судир на три возила кај Желино
Осум лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајната несреќа на три возила што вчера околу 16 часот се случила на наплатната рампа Желино на автопатот Скопје-Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци во сообраќајката учествувале „БМВ“ со тетовски регистерски таблици што го управувал тетовецот Х.И.(37), „Хонда џез“ со српски таблички управувана од Ј.Т.(40) од Панчево, Србија и „Фолсгфаген пасат“ со скопски таблички управуван од М.Ш.(40) од скопско Ласкарци.
Во судирот со тешка телесна повреда - фрактура на десно рамо се здобил возачот на „БМВ“-ето, а со телесни повреди завршиле и двајцата други возачи како и пет сопатници од трите возила меѓу кои и две деца.
Сите повредени со возила на Брза помош биле пренесени во тетовската Клиничка болница и по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување. По овластување на јавен обвинител бил извршен комплетен увид и се утврдува причината за несреќата и околностите во кои се случила. - Првично причина за оваа сообраќајка е неприлагодена брзина според условите на патот, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Отворено 32-то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Зоран Крстевски, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Мицкоски: Пред 33 години битката беше да се исправиме на нозе, денес за големи чекори
-
Честитки од политичките партии по повод независноста
-
По три години од пожарот во тетовската модуларна болница, одговорност се уште нема
-
За една недела 25 заболени од голема кашлица, хоспитализирани пет деца
-
Минчев: Балансерот се уште на сила, ќе се разговара за укинување