Тешка сообраќајна несреќа кај Миладиновци, наредби за обдукција на две починати лица

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, вешто лице и увидни екипи на МВР извршија увид на лице место на тешка сообраќајна несреќа на општинскиот пат Илинден-Миладиновци, кај полициската база Брест која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје.
Како што информираат од Обвинителство, несреќата се случила околу 2 часот по полноќ, кога автомобил Опел корса со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишен кумановец се судрил директно со автомобил Хјундаи И30 управуван од 51-годишен жител на Марино.
- Во несреќата на лице место починале возачот на возилото Хјундаи и неговиот 18-годишен син, додека потешко повредена е и 18-годишната ќерка. Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на корсата и неговиот сопатник на иста возраст, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба, ифнормираат од Обвинителство.
Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на двете починати лица. Се преземаат дејствија за утврдување на причините за несреќата.
МИА
Ново на Сител
-

Голем успех за Филип Шулевски – ново најдобро македонско време на Ironman
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
-

Николоски: Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации
-

Притворот на Дејан Јованов истекува на 3 октомври, одбраната најави гаранција во имот за определување мерки на претпазливост
-

Бензините над 100 денари за литар: Нови цени на горивата од полноќ
